Yasemin Kalyoncuoğlu
26 Декември 2018•Ажурирај: 27 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за правда на Турција, Абдулхамит Ѓул, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави објава во врска со клеветите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упатени кон турската Војска, јавува Anadolu Agency (AA).
„Упорноста и одлучноста на Турција во борбата против тероризмот, постигнатите успеси и на теренот и на масата и вистините што ги искажува претседателот на Турција, освен премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, многу ја вознемирија и израелската министерка за правда“, наведе Ѓул во својота објава и додаде:
„Воопшто не сме зачудени ниту од поддршката што израелската држава им ја дава на терористичките организации, како што се ЈПГ и ПКК, ниту од израелската министерка за правда, која е расплачена во име на теророт. Ние ќе продолжиме да предизвикуваме непријатности сѐ додека на овие простори не им се стави крај на угнетувањето, окупацијата и теророт“.