Gökhan Ergöçün
27 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
МЕРСИН (АА) - Претседателот на Здружението на индустријалци за тестенини на Турција (TMSD) изјави дека Турција во 2018 година извршила извоз на 1,2 милион тони тестенини во вредност од 600 милиони долари.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), Абдулкадир Кулахчиоглу изјави дека вкупниот увоз во секторот за тестенини на земјата достигнал една милијарда долари во 2018 година.
„Оваа година извозот на секторот се искачи 14 отсто, во споредба со 2017“, нагласи Кулахчиоглу.
Тој истакна дека целта која била поставена на почетокот на годината, за извоз на 1,2 милион тони тестенини, е постигната.
„Турција врши извоз на тестенини во 154 земји во светот, додека Африка има 68 отсто удел во нашиот извоз на тестенини“, изјави тој.
Кулахчиоглу, исто така предвиде дека извозот на тестенини на Турција ќе се зголеми 15 отсто во 2019 година.
Според Институтот „Масачусетс“ на Опсерваторијата на економска комплексност (OEC), Турција се наоѓа меѓу првите три земји за извоз на тестенини, заедно со Италија и Кина.
Во меѓувреме, САД, Германија и Франција се првите увозници на тестенини, покажуваат податоците на Опсерваторијата на економска комплексност (OEC).