Muhammed Ali Toruntay
26 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Лидерот на турската Партија на национално движење (МХП), Девлет Бахчели, го повика турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Турција да одржи глобален самит за ситуацијата на Блискиот Исток, јавува Anadolu Agency (AA).
Бахчели во Анкара се состана со претставниците на турските медиуми, а во таа прилика одговараше на прашањата за актуелните случувања.
Зборувајќи за борбата против тероризмот, Бахчели порача дека таа не смее да биде запрена и дека турскиот народ очекува интервенција источно од Еуфрат. Бахчели нагласи дека тој верува оти ќе дојде до интервенција.
Нагласи дека Турција ни под кои услови не е за дијалог со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Зборувајќи за случувањата на Блискиот Исток, Бахчели го повика претседателот Ердоган во Турција да одржи глобален самит за ситуацијата на Блискиот Исток.
Бахчели се осврна и на случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој на 2 октомври брутално е убиен во зградата на саудискиот Конзулат во Истанбул.
Тој порача дека од аспект на меѓународните односи е многу значајно што Турција внимателно ги следи случувањата по убиството на Кашоги.
„Потребно е да се овозможи извршителот на убиството да се донесе во Турција и да му се суди во оваа земја“, порача Бахчели.