Mümin Altaş
19 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва најави дека Турција ќе гради и трета нуклеарна централа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на програмата „Средба на младите и технолигијата“, Ердоган одговараше на прашањата што ги поставуваа младите на официјалните профили на социјалните мрежи.
„Нема да запреме само на изградбата на нуклеарната централа Акују, ќе градиме и трета нуклеарна централа“, наведе Ердоган како одговор на едно од прашањата.
Тој, исто така, рече дека обновувањето на постоечките 135 индустриски зони ќе отвори 317.000 нови работни места во Турција. Го најави и производството на домашниот турски автомобил.
„Нашата цел е да го направиме тоа во 2022 година. Дотогаш на улиците ќе имаме сопствени домашни возила, кои ќе ги извезуваме и на странските пазари“, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека од доаѓањето на АК Партијата на власт во орбитата се лансирани десет сателити, и дека до 2039 година ќе бидат лансирани уште 11.
„Во 2020 и 2021 година ќе ги лансираме сателитите Turksat 5A и 5B со ракетата Фалкон на Елон Маск“, истакна Ердоган.