Merve Yıldızalp
09 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган во обраќањето по повод Денот на Европа истакна дека Европската унија треба да покаже порешителен став во однос на борбата против тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган, во пораката по повод „9-ти мај - Денот на Европа“ и статусот на Турција како кандидат-членка во Европската Унија од 1999 година досега, им го честиташе 9-ти мај - Денот на Европа на сите народи од Европската унија.
Претседателот Ердоган истакна дека денешната состојба во Европа и спроведувањето на соодветните идни планови на полето на демократијата, човековите права, владеењето на правото, гарантирањето на економскиот и социјален развој, како основни вредности кои ги презентира ЕУ, се инспирација за многу земји во светот.
Во пораката на претседателот Ердоган во продолжение се вели: „Во услови на 21-от век, во врска со проблемите во регинот и пошироко, од суштинско значење е ЕУ, во една конзистентна рамка да има поширока и посеопфтна визија за својата надворешна политика. Големите селидби кои настанаа како последица на судирите во Сирија, Ирак и останатите региони, бараат принципиелен став и приказ на решителност.“
За да не се повторат немилите настани во Турција и изнаоѓање на трајни решенија за постоечките проблеми, во својата порака претседатлот на Турција истакна дека ќе продолжи соработката со ЕУ, и додаде:
„Нашата надеж е дека Европа не треба да биде зона на строга политика за имиграција, дискриминација кон имигрантите, неторелантност и зона на раст на исламофобијата. Членството во ЕУ е стратешка цел на Турција и веруваме дека успешната борба со бегалската криза ќе биде инспирација и извор за стабилноста во регионот. Сметаме дека ЕУ треба да донесе порешителен став во борбата со тероризмот. Чекањето на Турција повеќе од 50 години пред портата на ЕУ, за да стапи во сила либерализацијата на визниот режим, создава фрустрираност. Се надеваме дека во насока на дадениот збор ќе бидат направени позитивни чекори и ќе се забрза процесот за прием.“
Претседателот на Турција посакувајќи мир, безбедност и стабилност во светот, им го честиташе Денот на Европа на сите народи од Европската унија, вклучувајќи ги во честитките и своите сограѓани.