Kemal Karadağ
18 Јуни 2018•Ажурирај: 19 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - КЕМАЛ КАРАДАГ -
Од 287 случаи за обидот за државен удар што го извршија припадниците на терористичката организација ФЕТО на 15 јули 2016 година, за 176 е донесена пресуда, додека 111 судења се продолжени.
Податоците со кои располага Аnadolu Аgency (AA) покажуваат дека обвинителствата по обидот за пуч во Турција воделе повеќе од 100.000 истраги.

За 631 обвинет изречена е доживотна казна затвор под услови построги од вообичаеното.
Меѓу осудените на доживотна казна затвор под построги услови се 49 поранешни генерали, 418 поранешни офицери, 101 поранешен подофицер, 31 поранешен наредник, 16 академици, четворица инженери, двајца едукатори, двајца полицајци и шестмина цивили.
За 887 осомничени, меѓу кои и девет поранешни генерали, 209 офицери и 91 подофицер, е изречена доживотна казна, додека за 647 обвинети е изречена казна затвор меѓу 14 месеци и 20 години.
Се очекува 111 постапки што се во тек да бидат завршени кон крајот на годината.