Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 19 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани извор од Кабинетот на турскиот претседател истакна дека Ердоган и Путин се согласни да продолжат со блиската соработка и координација во борбата против тероризмот.
Претседателите разговарале и за голем број билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и ситуацијата во Сирија, со посебен акцент на процесот на воспоставување контролни пунктови за надзор на почитувањето на договорот за зоните без судири во Идлиб.
Ердоган, исто така го информирал Путин за текот на операцијата „Маслинова гранка“, која турските сили ја спроведуваат со цел да ги неутрализираат терористите во пограничното подрачје на Африн, Сирија.