Ekipa
19 Февруари 2018•Ажурирај: 20 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и иранскиот претседател, Хасан Рохани, разговараа телефонски во врска со сириската криза, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на турскиот претседател соопштија дека Ердоган и Рохани разговарале за најновите случувања во Сирија, првенствено за случувањата во Африн и Идлиб.
Претседателот на Република Турција го информираше Рохани и за операцијата „Маслинова гранка“ која Турските вооружени сили ја спроведуваат против терористите во Африн.
Во текот на разговорот нагласена е соработката на двете земји во рамките на борбата против терористичките организации.
Ердоган и Рохани разговараа и за мировните преговори во Астана и Сочи со цел постигнување на решение за сириското прашање.
Турскиот претседател, исто така, упати сочувство до иранскиот претседател по повод авионската несреќа на југот од земјата, во којашто загинаа 66 лица.