Mehmet Tosun
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека борбата против пучистите на ФЕТО од 15. јули минатата година беше нова битка на Чанаккале, Думлупинар и Сакарја за Турција и нејзиниот народ кои охрабрени во тие битки победиле во Ослободителната војна, јавува Anadolu Agency (AA).
„Овој народ со години се бореше против пучеви и предавнички сили, но и на 15. јули ја потврди својата храброст и моќ", рече Ердоган во Анкара на собир по повод сеќавање на жртвите од 15. јули.
Ердгоган изјави дека турскиот народ веќе никогаш нема да дозволи организациите како ФЕТО да се да се исрпречат пред државата Турција, на начин да ги користат верските и човечките чувства на овој народ.
„Нашиот народ веќе никогаш нема да дозволи пред нашата држава да се испречат организации како ФЕТО, кои сакаа да ги искористат образованието, верските и човечките чувства на нашиот народ и кои својот отров сакаа да го вбризгаат во вените на нашиот народ. Нашиот разум и нашата волја, кои ни се најголемиот подарок од Бога, за ништо, никому, нема да ги дадеме како хипотека. На ист начин ќе постапиме и кон оние што со сепаристички намери сакаат во рамките на нашиот народ да создадат етничка или секташка заблуда“, порача Ердоган.
Претседатело на Република Турција Ердоган изјави дека веќе ништо во Турција нема да биде како пред 15. јули минатата година, кога терористичката оранизација ФЕТО се обиде да изврши државен удар.
„Нашиот народ кој живееше во зулумот на еднопартискиот систем, такво нешто нема да дозволи повторно. Нашиот народ кој го камети државниот удар од 27. мај, 12. септември и интервензијата на 28. февруари, нема повеќе да допушти да дојде во таква состојба. Народот кој не можел да спречи погубување на на господин каков што беше Мендерес, нема веќе да доживее таков срам", рече Ердоган.
Во рамките на седумдневоното одбележување на првата годишнина од обидот за воен удар кој терористите на ФЕТО го изведоа минатата година во Турција, денеска во Претседателската палата во Анкара е одржан пригоден собир на сеќавање на 250 жртви кои загинаа во текот на тој обид.