Sinan Uslu
13 Јули 2017•Ажурирај: 14 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција, Бинали Јилдирим, денес изјави дека терористите на ФЕТО облечени во воени униформи, сосема сигурно ќе ја добијат заслужената казна, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на седумдневното одбележување на првата годишнина од обидот за воен удар што терористите на ФЕТО го извршија минатата година во Турција, денес во претседателската палата во Анкара беше одржан собир во сеќавање на 250-те херои кои загинаа за време на обидот за државен удар.
Пред присутните се обрати премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, и истакна дека сите можат да бидат убедени дека турските официјални лица и народот ќе ја оправдаат жртвата што хероите ја дадоа на 15. јули, за земјата и народот.
„Сега сме во нова ера, во којашто народот е тој што ја има моќта и државата. Народот со сигурност ќе го дочека уништувањето на крволочната терористичка мрежа ФЕТО, за која нема ништо свето. Нема поважна моќ од нашето единство и братство“, порача Јилдирим.
Минатогодишниот обид за воен удар го извршија припадниците на терористичката организација ФЕТО, кои во текот на претходните години се инфилтрираа во турските вооружени сили, а Јилдирим денес изјави дека предавниците што носеле воени униформи со сигурност ќе ги стигне заслужената казна.
Тој додаде дека тие предавници од пропаста нема да ги спасат ниту претставите што ги изведуваат на судовите и со кои си поигруваат со умот и чувствата на семејствата на загинатите и на целиот турски народ.
„Во сопствените гревови ќе изгорат предавниците што се дигнаа со сон да ја покорат Турција. Ние ќе го надминеме овој проблем во рамките на демократијата, правата, правдата и поредокот. Бидете спокојни кога тоа е во прашање. Оваа држава никогаш нема да ја изневери жртвата и борбата на нашите херои, нивните најблиски и нашите ветерани“, заклучи Јилдирим.