ПАРИЗ (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ерсоган за француската телевизија „France 24" изјави дека Турција нема да ја затвори воената база во Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
„Катар не сака нешто такво, и ние тоа нема ниту да го направиме, никогаш тоа нема да го направиме”, рече Ердоган на прашањето за можноста за затворањето на базата на Турција во таа земја. На прашањето дали е можно дипломатската криза да прерасне во оружен судир, турскиот претседател истакна дека не е потребно ново кризно жариште во тој дел на светот.
„Ние не сакаме друго кризно жариште во овој регион. Во Сирија и Ирак веќе имаме сериозна криза и затоа не сакаме сега да дојде до криза и во Заливот”, рече Ердоган. Истакна дека Саудиска Арабија моментално е најсилната земја во Заливот.
„Во сите свои изјави од саудискиот крал барав, и тоа е нашата желба, како водечка во регионот, по годините, но и во економска смисла, да не дозволи избувнување на криза во тоа подрачје. Секогаш тоа го сакавме. Кога станува збор за листата од 13 точки, тоа се санкции кои една држава ја доведуваат во ситуација повеќе да не е држава. Катар е држава”, рече Ердоган.
Нагласи дека таквата листа на барања не е прифатлив за една држава.
„На листата се наоѓат такви точки да тие во потполност значат некој не признава друга држава поради што се бара таа држава да се откаже од сите функции. Такво нешто не можеме да прифатиме”, рече претседателот на Турција.
На прашањето дали официјална Доха ја известила Турција за можност за затворање на турската база во таа земја, Ердоган запраша зошто не се бара и затворање на воените бази на другите земји во Катар? „Зошто тоа не го бараат и за Центком? Таму постои и американска база, француска база. Зошто не се бара од нив такво нешто, а во случај на Турција се бара? Турција е посветена на договорот кој го потпиша со Катар”, истакна Ердоган.
На новинарско прашање за тоа дали Турција, со цел решавање на кризата, би ја затворила базата во Катар доколку од неа тоа го побара Доха, турскиот претседател рече дека турските сили не би биле таму каде не се добродојдени.
„Доколку добиеме такво барање, или молба, од Катар, ние секако не би биле таму каде не сме добредојдени”, рече Ердоган. На прашањето дали постојат знаци дека наскоро би можело да биде постигнато решение за кризата во Заливот, Ердоган потсети дека земјите на Западот не го поддржуваат ставот на заливските земји.
„И ние не поддржуваме бидејќи таквите постапки се погрешни. Таквите постапки се неприфатливи. Се работи за храна, лекови и други работи. Сите тие санкции се нешто што не може да се прифати. Исто така, невозможно е Катар да се гледа како терористичка држава, бидејќи, за 15 години колку што поминав како премиер и претседател, Катар го гледавме како земја која секогаш се бореше против тероризмот. Никој нека не се обидува да ни наметне лаги и невистини. Франција исто така, на тој начин го гледа Катар и не го прифаќа твдењето дека Катар поддржува тероризам”, рече Ердоган.
Истакна дека не губи надеж дека ќе биде пронајдено одредено решение за кризата во Заливот.
Претседателот Ердоган, за протестот што против него се одржа во Германија рече: „Како што не му даваме можност на тероризмот, истo така треба германските власти да не им дозволат ваков вид протести и на остатоците од фашисти и нацисти“.
Турскиот претседател Ердоган во интервјуто за телевизискиот канал „France 24“ (Франс 24) беше запрашан за неговото учество на Самитот на Г-20 во германскиот град Хамбург, за тоа дека германските власти соопштија дека не сакаат да има обраќање пред турските државјани што живеат во Германија, како и дека не сакаат и дел од претсеедателското обезбедување. Претседателот Ердоган одговори дека ваквиот пристап во меѓународната политика е многу, многу негативен, особено кога се во прашање слободите во развиените и напредни демократии.
„Од аспект на давање пример, многу е значајно да се увиди колку Германија е либерална, со тоа што не дозволува еден претседател, кој во сопствената земја е избран со 52 отсто гласови, во Германија да се сретне со своите државјани кои живеат таму, да не може да поразговара со нив“, додаде претседателот Ердоган. Тој истакна дека Германија не останала само на тоа.
„Дури и пред зградата на германската Влада е поставен постер, а зад постерот автомобил: 'Доколку сакате да го освоите овој автомобил, убијте ги овие диктатори'. Кои се тие диктатори? Ердоган, Путин и саудискиот крал Селман. Додека ги поставуваат овие нешта, таму е присутна и германската полиција. Пред очите на германската полиција се поттикнува на криминал, се потикнува на насилство, а за жал, германските власти не направија ништо, останаа безгласни“, додаде тој.
На прашањето дали одново ќе ја разгледа одлуката за патување на Г-20 претседателот Ердоган одговори: „Се разбира дека покрај сите овие нешта, јас ќе отпатувам за Германија на Г-20, тоа е многу различна тема, а се разбира дека ќе ја поставам и на Г-20, бидејќи Г-20 затоа постои. Г-20 е формација што претставува 80 отсто од светската економија. Навистина е за размислување и загрижувачки е фактот што ваков тип кампањи се прават во Германија пред Самитот на Г-20, особено кога се знае дека на дневен ред се тероризмот и проблемите со бегалците“.
Претседателот Ердоган истакна дека во Германија живеат 3 милиони турски државјани, од кои 1,5 милиони имаат двојно државјанство. „Во ваква ситуација, мислам дека германските власти би требало да бидат многу повнимателни“, рече Ердоган. Запрашан дали се кае за изјавите дека однесувањето на Германија и на Холандија наликува на нацистички однос и дали го оценува тоа како грешка, претседателот Ердоган одговори:
„Воопшто не се каам, бидејќи таквото однесување е карактеристично за нацистите и претставува целосно манифестирање на фашизам. Таквото однесување, освен како фашистичко, како поинаку можете да го објасните? Сепак, станува збор за однесување што се среќава во фашистичките структури и е фашистичко. Германските власти не треба да им дозволат вакво однесување на фашистичките структури. Како што не му даваме можност на тероризмот, на ист начин германските власти не треба да им дозволат ваков вид протести на остатоците од фашисти и нацисти. Доколку вакво нешто се случува во мојата земја, и јас тоа не треба да го дозволам“.
Претседателот Ердоган нагласи дека со тоа упатува критика кон оние што го практикуваат, спроведуваат фашизмот, односно нацизмот. „Всушност, тука станува збор за тоа што е фашизам, што е нацизам. Суштината е кој го спроведува тоа. Суштината се состои во тоа дали раководните лица преземаат превентивни мерки против ова или не, тоа е она што сакам да го кажам. Јас тука не велам дека претставниците на германското раководство се фашисти, туку ги критикувам оние што го практикуваат тоа, го спроведуваат тоа и го ставам на дневен ред. Оние што стојат наспроти нив, треба да ги спречат“.
Во интервјуто, турскиот претседател Ердоган потсети дека при обединувањето на Источна и Западна Германија, околу 500.000 вработени биле отпуштени од работа.
„Германија треба прво ова да го стави на маса. Слична е ситуацијата и со вонредната состојба во Франција. Знаете, во Франција 10-15 лица изведоа терористички акт и Франција прогласи вонредна состојба. Турција се соочи со обид за државен удар. Никој не стана и на дневен ред не истакна дека во обидот за државен удар животот го загубија 250 наши граѓани. Никој на дневен ред не го истакна фактот оти беа ранети 2.193 наши граѓани. Голем број места беа запалени, урнати, државата беше бомбардирана и гранатирана со сопствени авиони F16, хеликоптери, тенкови, топови, но никој тоа не го стави на дневен ред. Напротив, Западот го претстави обидот за државен удар како чин на демократија“, посочи претседателот Ердоган.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали навистина смета дека некои сакаа обидот за државен удар да биде успешен, и дали мисли дека некој тоа го посакувал, претседателот Ердоган одговори: „Што значи да се остане нем? Некои тоа го посакуваа, мојот народ така гледа на нештата. Како пример, до првата осуда на настанот помина една недела. Ние посакувавме уште истата вечер да искажат осуда за таквиот чин, бидејќи сѐ што се случи настана во рок од 24 часа. Сѐ заврши во рок од 24 часа. Сѐ се заврши во рок од 24 часа, со излегување на улиците на мојот народ и јас лично. Спречувањето на обидот за државен удар од страна на народот е настан. Тоа е еден многу славен отпор“.
- „Западот бара изговор“
Во интервјуто, претседателот Ердоган порача дека Западот треба да престане да бара различни изговори и да биде искрен.
„Треба ова добро да го знаеме: Западот бара изговор. Западот треба да престане со барање изговори. Западот еднаш нека биде искрен. Западот не треба да бара изговор за еден ваков обид за државен удар, велејќи дека кај нив постои судство, а овие терористи ги крие во сопствените земји, ги шетаат, им дават секаков вид поддршка во даночната политика. Пример, на Германија и предадовме 4.500 досиеја, а сѐ уште нема никаков резултат од предадените 4.500 досиеја. Интересен е фактот што во моментов, еден дел од германската власт дава многу интересни изјави за овие терористи кои се наоѓаат во Германија, потврдувајќи дека ние сме во право. Тоа се теми кои јас во секој момент и на секое место ќе ги поставам на дневен ред, бидејќи светот треба да биде запознаен со тоа. Можат да го прифатат или не, но ние секогаш, во секоја пригода, каде и да се наоѓаме, ќе им ја раскажеме правдата на оние што на настаните гледаат објективно. Г-20 ќе биде едно од таквите места“.
news_share_descriptionsubscription_contact
