Furkan Naci Top
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АТИНА - Бројот на жртвите во шумскиот пожар што во јули изби недалеку од Атина се зголеми на 97 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Грчката противпожарна бригада соопшти дека во шумскиот пожар што изби на 23 јули, на местото на настанот смртно настрадале вкупно 83 лица, додека 14 починале во болниците во кои биле сместени.
Во пожарот што избувна во подрачјето на Пентели, недалеку од Атина, кој потпомогнат од силните ветрови се прошири во крајбрежните области, 187 лица беа повредени. Стотици куќи и возила беа претворени во пепел.
Чистењето на теренот и санирањето на штетите трае веќе подолго од еден месец.
Никос Тоскас, кој ја извршуваше должноста заменик-министер за одбрана на Грција, по пожарите поднесе оставка.
На жителите на кои во пожарите им е нанесена штета одредена им е парична помош од по најмалку 5.000 евра.