Ekipa
04 Ноември 2018•Ажурирај: 05 Ноември 2018
КАИРО (АА) - Во Египет започна заедничката воена вежба на арапските земји, „Арапски штит 1“, јавува Anadolu Agency (AA).
Вежбата има за цел зајакнување на воената соработка меѓу арапските земји и зголемување на воениот капацитет.
Во вежбата учествуваат Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кувајт, Бахреин и Јордан, додека Мароко и Либан учествуваат како земји набљудувачи.
Воената вежба се одржува во воената база „Мухамед Неџиб“, која се наоѓа во северозападниот дел на земјата, а ќе трае до 16 ноември.
Според веста на саудиската државна новинска агенција СПА, командантот на саудиските трупи кои учествуваат во вежбата, Абдула бин Хусеин ес Себии, истакна дека вежбата има за цел развивање на воената соработка.
Себии нагласи дека воената вежба содржи низа активности во врска со борбата против тероризмот, чистење на селата покрај границата и осигурување на безбедноста, борба против експлозиви, активности за крајбрежна безбедност, како и за копнена, поморска и воздушна битка.