Admir Fazlagic
05 Август 2017•Ажурирај: 05 Август 2017
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија синоќа ја одржа својата 20-та седница, со која претседаваше заменичката претседателка на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението, на седницата Владата го усвои текстот на Законот за употреба на јазиците, кој произлегува од усогласувањето на националната програма за усвојување на правото на Европската Унија.
„Откако законот ќе биде усвоен во Собранието на Република Македонија, Министерството за правда, преку Министерството за надворешни работи, ќе го достави законот и отворените прашања кои не се дел од овој закон до Венецијанската комисија и ќе побара мислење за пакетот законски решенија”, информираат од Владата.