свет

Венецуелскиот министер Ареаса: „Венецуела во потполност ќе ја напушти ОАД“

„Постојат длабоки разлики и загриженост од двете страни. Се надевам дека ќе можеме да продолжиме со овој дијалог, за кој би требало да напоменам дека го предложија САД“

Lokman İlhan  | 17.02.2019 - Обновена : 18.02.2019
Венецуелскиот министер Ареаса: „Венецуела во потполност ќе ја напушти ОАД“

Caracas

КАРАКАС (АА) - Министерот за надворешни работи на Венецуела, Хорхе Ареаса, соопшти дека и покрај разликите, продолжува дијалогот меѓу неговата земја и Соединетите Американски Државии (САД), јавува Anadolu Agency (AA).

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Ареаса, зборуваше на телевизискиот канал „Телесур“ (Telesur), кој емитува програма во Венецуела и во останатите латиноамерикански земји. Тој во своето обраќање се осврна кон средбите меѓу Венецуела и САД и за периодот на излез на Венецуела од Организацијата на американските држави (ОАД).

Тој потсети дека продолжуваат двојните средби меѓу САД и Венецуела, истакнувајќи дека на средбите нема тензии, како што тоа го прикажуваат медиумите. „Постојат длабоки разлики и загриженост од двете страни. Се надевам дека ќе можеме да продолжиме со овој дијалог, за кој би требало да напоменам дека го предложија САД.“

- „Ние веќе имавме одлучено да излеземе уште на 27 април 2017“ -

Министерот Ареаса соопшти дека Венецуела на 27 април во потполност ќе ја напушти Организацијата на американските држави (ОАД).

Нагласувајќи дека одлуката за напуштање на организацијата ѝ припаѓа на неговата земја, Ареаса изјави „Нас никој не нѐ отстранува од ОАД, ниту пак ни го суспендира нашето членство. Ние и онака имавме одлучено да излеземе уште на 27 април 2017.“

Ареаса информираше дека постојаниот претставник на Венецуела во Обединетите нации, Семјуел Монкада, до споменатиот датум ќе продолжи со активностите во ОАД.

Венецуелскиот министер на 28 јануари изјави дека неговата земја ќе излезе „од ОАД која влегла во процес на исчезнување“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın