свет

Пентагон сѐ уште без одлука за ѕидот на границата со Мексико

„Намерно не донесовме никаква одлука, ги одредивме чекорите што ќе ги преземеме за да ги донесеме тие одлуки“, истакна Шанахан

Vakkas Doğantekin  | 17.02.2019 - Обновена : 18.02.2019
Пентагон сѐ уште без одлука за ѕидот на границата со Мексико

Ankara

АНКАРА (АА) - Вршителот на должноста американски секретар за одбрана, Патрик Шанахан, изјави дека Пентагон сѐ уште не донел одлука за ѕидот помеѓу САД и Мексико, кој се издвојува како најспорното обврзување на претседателот Доналд Трамп за време на неговата кампања и претседателство, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Намерно не донесовме никаква одлука, ги одредивме чекорите што ќе ги преземеме за да ги донесеме тие одлуки“, истакна Шанахан за новинарите во американскиот воен авион.

Тој истакна дека воените аналитичари го направиле првичното планирање и дека тој ќе започне со негово разгледување во текот на денешниот ден.

„Го следиме законот, користејќи ги правилата, без нивно заобиколување“, додаде Шанахан.

Трамп во петокот објави национална вонредна состојба за да успее во обезбедувањето финансии за изградба на ѕидот, без потреба од одобрување од американскиот Конгрес.

Администрацијата на Трамп ги одреди изворите за над 8 милијарди долари за финансирање што можат да се искористат за градење на границата по објавувањето на вонредната состојба, од кои најголем дел - 6,1 милијарда долари - ќе дојдат од фондови што претходно му беа доделени на Пентагон.

Инсистирањето на претседателот за финансирањето на ѕидот доведе до првата блокада на Владата што започна кон крајот на декември, станувајќи најдолгата блокада на Владата во историјата на САД, која траеше 35 дена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın