Özcan Yıldırım
31 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Бекир Боздаг, говорејќи за операцијата „Маслинова гранка“ која ја спроведува Турција во северна Сирија, порача дека Турција никогаш не ги криела своите намери и дека нема да го прави тоа ниту во случајот со Мунбич, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никогаш не ги криевме нашите намери, истото го говориме за Мунбич, истото го говориме и за регионот источно од Еуфрат, не ги криеме нашите намери. Го зборуваме истото и со разговорите со американските претставници, но и со официјалните претставници од другите земји. Сè додека овде постојат терористичките организации ЈПГ, ПКК и ДЕАШ тоа значи дека постои опасност за Турција. Нашата земја не може да живее со таква закана. Затоа, или помогнете ни да ги расчистиме од регионот или ние тоа ќе го направиме врз основа на нашите сопствени можности и способности“, порача Боздаг.