Ali Kemal Akan
20 Јануари 2018•Ажурирај: 21 Јануари 2018
АНКАРА (AA) – Заменик на премиерот и гласноговорникот на Владата на Република Турција Бекир Боздаг изјави дека Турција денеска покрена офанзива кон регионот Африн, притоа почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и политичко единство на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција оваа офанзива (Масинова гранка) ја покрена притоа почитувајќи го територијалниот интегритет, суверенитет и политичко единство на Сирија. Во текот на офанзивата ќе се придржуваме до овие темелни принципи, а откако оваа офанзива ќе биде успешно извршена ќе го напуштиме регионот", порача Боздаг.