Hasan Esen
20 Февруари 2017•Ажурирај: 20 Февруари 2017
БРИСЕЛ (АА) - Белгискиот суд во отсуство ја осуди на 15 години затвор и 10 години условна казна Фехрије Ердал, една од учесниците во атентатот на турскиот бизнисмен Оздемир Сабанџи во 1996 година и учесничка во низа кривични дела кои во Турција ги има изведено терористичката организација ДХКП-Џ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во белгискиот суд во градот Бриж, денес беше донесена пресуда за членката на терористичката организација ДХКП-Џ Фехрије Ердал, која се товари за учество во тројно убиство во Турција.
Судот нареди итно апсење и префрлање во притвор на осудената Ердал. Наложено е и спроведување на процедура во врска со ставање на осудената на црвена потерница на Интерпол.
Пред судницата ова утро се собра група поддржувачи на ДХКП-Џ, кои извикуваа слогани за таа терористичка организација.
Иако Белгија ги реформираше законските рамки за процесуирање на осомничените за тероризам, на обвинетата Ердал и се судеше според регулативите од времето на кривичното дело за коешто се товари.
Во Шабанџи центарот во Истанбул терористите на групата ДХКП-Џ во јануари 1996 година го убија бизнисменот Сабанџи, директор на "Toyotasa Haluka Gorguna" и секретарката на компанијата. Истрагата утврди дека тројното убиство е изведено од страна на членовите на терористичката група ДХКП-Џ Ердал, Исмаил Акол и Мустафа Дујар.
Дујар е фатен и убиен за време на бунт во затвор во 1999 година. Ердал и Акол избегаа. На Акол подоцна му се судеше во Грција и изречена му беше ослободителна пресуда, а уапсен е во јануари оваа година, во обид илегално да влезе во Турција.
И Ердал беше уапсена во 1999 година во белгискиот град Кноке кога во нејзиниот стан избил пожар, а била фатена со фалсификувани документи. Една година помина во затвор, а потоа е префрлена во домашен притвор. На белгиските органи им избега во март 2006 година.
Во септември 2007 година во Белгија покренат е судски процес за Ердал, за убиствата во Турција, но овој процес е откажан, по што жалба поднесе семејството на Сабанчи. Постапката е обновена во мај минатата година.