Hakan Ceyhan Aydoğan
22 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
МОСКВА (АА) - Комеморацијата и погребот на рускиот амбасадор Андреј Карлов, кој е убиен во атентат, во понеделникот во Анкара, се одржува во присуство на голем број високи официјални лица во руската престолнина Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
На комеморацијата којашто се одржа во зградата на руското Министерство за надворешни работи присуствуваше семејството на убиениот Карлов, претседателот на Русија, Владимир Путин, премиерот Дмитри Медведев, Валентина Матвијенко, претседавачот со Советот на Руската Федерација, министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, како и голем број министри и политички лидери.
Путин положи цвеќе на ковчегот со телото на убиенот амбасадор и на семејството му упати сочувство. На комеморацијата зборуваше Лавров, кој изјави дека на Карлов му е дадена титулата „херој“. Тој истакна дека постои и предлог да се подигне негов споменик.
По комеморацијата, ковчегот беше пренесен во катедрала во руската престолнина Москва.