АНКАРА (АА) – Претседателката на Советодавниот совет за жени на Организацијата за исламска соработка (ОИС), Есра Албајрак, упати предупредување дека жените и децата ќе плаќаат најголема цена за процесот инициран од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп, со признавање Ерусалим за главен град на Израел.
Албајрак во разговор за Anadolu Agency (AA) зборуваше за настаните по одлуката на Трамп околу Ерусалм и за активностите на Советодавниот совет за жени. Таа нагласи дека овој совет во прашање бил на дневен ред на Самито на ОИС во Истанбул во 2016 година, под водство на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Претседателот предложи основање на еден ваков совет. Советодавниот совет за жени како цел го има зајакнувањето на општествената улога на жените во исламските земји, зболемување на нивното учество во политичките и економските процеси како и давање придонес за нивната вклученост во позиции за донесување одлуки“, вели Албајрак.
Таа нагласи дека и на глобалниот план, овој совет има мисија за застапување и зголемување на свеста против исламофобични влијанија формирани преку имиџот на муслиманските жени.
„На овој начин, нашиот совет, кој за прв пат се собра во Истанбул во мај 2016 година, работи со девет членки жени кои претставуваат три главни региони од исламското поднебје и кои се успешни во нивните области и посветени на мисијата и целите на советот. Овие членки се избираа во период од 2 години и ја предаваат својата функција кога завршува овој период“ нагласи Албајрак.
- „САД покажаа дека не можат да бидат посредник“
Албајрак подвлече дека одлуката на претседателот на САД, Трамп околу Ерусалим беше соопштена на многу груб и несоодветен начин и додаде дека оваа одлука ја прифатила со жалост како сите други кои имаа совест.
„Ова прашање не е прашање што може да се користи на несовесен начин како материјал на внатрешната политика“ нагласи Албајрак, и додаде:
„Постои желба за оваа еднострана одлука околу Ерусалим, за кого има резолуции на ОН и светски консензус кои ги надминува народите на Блискиот Исток, да се признава од страна на светот, вклучувајќи ја и Палестина. Светот со децении ја гледа окупацијата на палестинските територии на мирен начин, и покрај резолуциите на ОН. Оваа неодговорна декларација од страна на американскиот претседател треба да биде еден напор за лигитимирање на актуелната окупација. Сепак, оваа иницијатива не ги игнорира само палестинците или муслиманските земји, туку и самите ОН, додека САД, не двоумејќи да заземе страна во најдлабоката криза на Блискиот Исток, јасно покажаа дека нема да бидат посредник. Изјавата на американскиот претседател дека ‘Ерусалим е постојаниот главен град на евреите’, град кој има посебно значање за трите божествени религии, е навредлив и заканувачки не само за муслиманите, туку и за христијаните кои Ерусалим го сметаат за свет“.
- „Најголеми жртви, жените и децата“
Албајрак потсети дека во светиот град Ерусалим се наоѓа џамијата Ал-Акса, првата кибла на муслиманскиот свет, и дека беше место, каде божјиот пратеник Мухамед го извршил Мираџот.
Албајрак нагласи дека децата и жените се најголемите жртви на палестинското прашање, како и во другите конфликти во светот.
„Цената на овој последен процес, кој беше поттикнат од страна на американскиот претседател со признавање Ерусалим како главен град на Израел, за жал повторно најмногу ќе ја плаќаат жените и децата. Спречување на овој процес кој ги окупирал основните права на палестинскиот народ и ги отежнува надежите на стотици и илјадници палестински бегалци за враќање во нивниот роден крај, е долг на меѓународната заедница над палестинците, особено палестинските жени и деца“, нагласи таа.
- „Не е време за поделби“
„Јас верувам дека можеме да намправиме многу за палестинските жени“,рече Албајрак, која додаде дека обединиле успешни млади кои имаат желба да дадат позитивен придонес во иднината од 50 различни исламски земји во порграмите „Ally For Future“ неодамна организирани за лидерство и претприемништво на жените, меѓу кои имаше и палестинци.
„Како жени од исламскиот свет, ние видовме дека меѓусебно познавање пред се навистина е основна потреба за зајакнување на братските врски и дека можно е да се развие култура за солидарност откако ќе се познаваме. Во оваа точка, важно е да се зголемуваат капацитетите на нашите млади за произведување лдиерски вештини и решенија, без оглед на политичките и општествените услови во кои тие живеат“ , истакна Албајрак.
Таа нагласи дека постојат многу повеќе основни потреби кои им недостасуваат особено на палестинските жени, како што се пристапот до основните социјални услуги, безбедноста и создавање на здрави услови за премин во производство.
„Што се однесува до овозможување на тоа, голема одговорност и спаѓа на меѓународните организации особени исламските земји. Време е за сите нации кои се грижат за светскиот мир да се обединат за решавање на овој проблем“ вели Албајрак.
- Апел до еврејски жени
Осврнувајќи се на улогата на еврејските жени во напорите за мир и посредство, Албајрак рече:
„Тоа што жените сега играат една значајна улога во процесот на посредство е признат факт. Јас верувам дека жените треба да заземат поефикасна улога во побрзо градење на мировните процеси. Во тој контекст, јас лично знам дека постојат различни фракции внатре кај евреите. Имав прилика да се запознам одблиску со голем број совесни и праведни еврејски пријателки кои многу ги сакам. Знам дека тие на активен начин покажаа отпор против окупаторските политики на израелската влада и се обидоа да ја подигнат свеста на западното јавно мислење. Тие се дел од голем број различни активности, како што се движењето БДС (Иницијатива за бојкотирање на Израел за Палестина). Јас верувам дека овие движења треба да бидат зајакнати и дека израелската држава треба да биде под поголем притисок од страна на Евреите поради практиките и одлуките кои ги игнорираат човековите права“.
Албајрак која вели дека во последниот период е тешко да се зачува оптимизмот, сепак нагласи дека верува во човечката совест, особено во здравиот разум на жените и нивните способности за произведување решение.
- „Движење далеку од здравиот разум“
Албајрак истакна дека страшно е движењата на надворешните политики направени за краткорочни придобивки за внатрешната политика на начин далеку од здравиот разум, овозможуваат база за радикалните организации.
„Западниот свет го нема луксузот да го игнорира тоа“ истакна Албајрак, и додаде: „Глобалниот тероризам и радикалните организации денес предизвикуваат страдање на целиот свет. За овие организации, очајните заедници и заедниците без надеж се најголем терен за регрутирање. Не треба да го дозволиме тоа“.
Претседателката на Советодавниот совет за жени на ОИС, Албајрак, истакна дека ќе продолжат напорите за повторно брзо да се врати мирот во агендата, создавање на палестинската држава со главен град Источен Ерусалим, и повлекување на Израел во границите од 1967 година, како и обезбедување на средина каде палестинските деца и жени ќе можат повторно да живеат во мир.