Kübra Chohan
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку пет лица осомничени за повраност со терористичката организација ДЕАШ беа уапсени во операција спроведена денеска во Истанбул, од страна на турската полиција јавува Anadolu Agency (AA).
Полициските тимови за борба против тероризмот извршија претрес на шест адреси во три истанбулски области, Башакшехир, Султангази и Пендик.
Неименуван официјален претставник на полицијата за АА рече дека за време на операцијата биле уапсени најмалку петмина осомничени, меѓу кои и четворица странски државјани.
Во акцијата, полицијата заплени обемна документација и дигитална опрема.
Истиот извор за АА изјави дека станува збор за осомничени кои се поврзани со ДЕАШ и кои се подготвувале да извршат терористички напад во Истанбул.
Уапсените беа предадени на надлежните органи, за понатамошна обработка.