Selma Kasap
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека развојот на билатералните односи меѓу Турција и Грција ќе помогне во решавањето на проблемите на малцинството во Грција, додавајќи дека решението на овие проблеми дополнително ќе ги поврзе двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, кој престојува во посета на Грција, го посети градот Комотини, кој се наоѓа во источниот дел на Грција, недалеку од градицата на Турција, им се обрати на локалните Турци.
„Нашето барање е државата Грција да не бара асимилација на нашите сонародници. Интеграцијата е друга работа, но да не бараме асимилација, бидејќи ние од ниту една етничка група не сме го барале тоа, ниту ќе го бараме", рече Ердоган.
Додаде дека Турција во последно време направи значителни чекори кога се во прашање потребите на жителите на оваа земја.
„Продолжуваме напорно да работиме за да го подобриме стандардот на животот на сите наши граѓани. вклучувајќи ги и они по потекло од Грција. Сметаме дека наше право е да очекуваме ист став од Грција", рече Ердоган.
Додаде дека верува дека турскатта заедница во Западна Тракија ќе обезбедни своја иднина на овие простори.
„Договорот од Лозана малцинствата на двете земји ги остави во аманет на нашата земја и на Грција. Мораме да ги чуваме како зеница од нашето око. Свесни сме за нашата одговорност, сметаме дека за таа одговорност е свесна и Грција", порача турскиот претседател Ердоган.