политика

Грција: АНЕЛ поделена по изјавите за поддржување на Владата

Претседателот на АНЕЛ, Панос Каменос, кој истакна дека ќе се повлечат од власта и поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Грција, преку социјалните мрежи напиша дека министерката за туризам, Елена Кундура, е исклучена од партијата.

Furkan Naci Top  | 14.01.2019 - Обновена : 15.01.2019
Грција: АНЕЛ поделена по изјавите за поддржување на Владата

Atina

АТИНА (АА) – Во Грција, изјавата на пратениците на партијата Независни Грци (АНЕЛ), која беше поранешен коалиционен партнер на Владата, дека ќе ја поддржат Владата, предизвика поделби во партијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на АНЕЛ, Панос Каменос, кој истакна дека ќе се повлечат од власта и поднесе оставка од функцијата министер за одбрана на Грција, преку социјалните мрежи напиша дека министерката за туризам, Елена Кундура, е исклучена од партијата.

Каменос, критикувајќи ја изјавата на Кундура за поддршка на Владата, нагласи: „Госпоѓа Кундура, со нејзината официјална изјава, одлучила да направи трампа на својата фотелја со нејзиниот глас и името на Македонија. И јас неа ја исклучив од парламентарната група на Независни Грци“.

Од друга страна, друг пратеник на АНЕЛ, Василис Кокалис, кој е заменик-министер за земјоделство, развој и прехрана на Грција, исто така изјави дека ќе гласа за доверба на Владата и дека ќе ја напушти партијата. И пратеникот Танасис Папахристопулос ја изрази својата поддршка за Владата.

Според ова, најмалку 3 пратеници на АНЕЛ ќе ја поддржат Владата, а бројот на пратеници на АНЕЛ се намали на 4, од вкупно 7.

На средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Каменос истакнал дека ќе ја напуштат Владата и нема да гласаат за доверба поради Договорот од Преспа постигнат со Македонија.

Каменос, исто така, нагласи за дека членовите на партијата коишто ќе гласаат за Владата, нема место во нивната партија.

По средбата, од Парламентот Ципрас побара гласање за доверба на Владата, за да продолжи со своите активности.

За да добие доверба Ципрас, од 300-члениот Парламент, покрај 145-те пратеници на СИРИЗА, треба да гласаат уште 6 пратеници.

Според Уставот на Грција, за да добие доверба Владата, треба да добие мнозинство гласови од пратениците присутни во Парламентот за време на гласањето.

Уставните измени кои се дел од Договорот од Преспа минатата недела беа изгласани во Собранието на Македонија. Откако договорот ги помина потребните фази во Македонија, потребно е да биде ратификуван и во Парламентот на Грција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.