Bekim Laci
06 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Адвокатските комори на Македонија, Албанија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина ја одржаа завршната конференција со наслов „Реформа на кривичното процесно законодавство”, на која беше истакната потребата за промени на постапката за кривично процесно законодавство, особено во поглед на подобрување на правата на адвокатите, јавува Anadolu Agency (AA).
Елизабет Гивенс, директорката на програмата на Американската адвокатска асоцијација „Иницијатива за владеење на правото”, со чија поддршка се оддржа оваа Конференција, во изјавата за новинарите кажа дека проектот започна да се спроведува поради потребата на адвокатската мрежа и комори за горенаведените реформи.
„Реформите во кривично правниот систем се појавија како главен приоритет во мрежата. Во сите земји од регионот има промени во кривичниот закон и кривичната процедура што придонесоа за создавање на одредени прашања кои треба да се решат”, рече Гивенс.
Претседателот на Адвокатската Комора на Македонија, Никола Додевски, од своја страна рече дека извештајот подготвен од страна на Проектот „Реформа на кривичното процесно-законодавствот” ги истакнува проблемите кои итно треба да се разгледаат, и дека истите се идентични во сите пет држави.
Забелешките на Додевски главно се однесуваат на катастрофалната положба на одбраната во однос на спротивната страна во постапката, и се наведени во десет точки, реализација на кое ќе овозможи фер судење.
„Од овие десет точки може да се исвлече изразеното неучество на одбраната во отварањето на доказите. Не можете да правите истрага а одбраната да не ништо, дури да не знае ни дека се води истрага, а кога ќе дознае ќе кажете дека немате право да ги видите доказите коишто се собрани против обвинетиот, или да се направи вештачење а од медиумите да чуете дека за тој предмет е направено вештачење”, рече Додевски.
Арбен Лена од Националната Комора на Адвокатите на Албанија истакна дека оваа конференција дојде во вистинско време кога Албанија е во фаза на реформа на правосудниот систем во кој предмет на реформи ќе биде 60 отсто од законодавството, вклучувајќи го и Законот за кривична постапка.
„Би сакал да го користам терминот институција а не комора на адвокати бидејќи навистина овие се институции кои се грижат за правата на адвокатите, но, истовремено, се прва институција која се соочува со заштита на правата и слободите на обвинетите. Кога некој е лишен од слобода тоа е првата барикада во одбрана на неговата слобода”, рече Лена.
На конференцијата ќе се презентираат резултатите од проектот, чија цел е да се идентификуваат најголемите и најчестите проблеми во врска со позиција на страната за одбрана како и посветеност на подобрувања во оваа област.