Ömer Aydın
19 Април 2018•Ажурирај: 20 Април 2018
ПАРИЗ (АА) - Ширум Франција денеска се одржаа штрајкови и демонстрации во знак на протест поради реформите на Владата и мерките на штедење, јавува Anadolu Agency (AA).
Десетици илјади Французи учествуваа во штрајковите и демонстрациите во над 130 градови низ земјата, додека во Париз се забележани и судири.
На протестите во главниот град на Франција, според податоци на полицијата, се собрале 15.300 демонстранти, или 45.000, како што наведува организациониот комитет.
Во еден момент дојде до тензии поради што полицијата употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите. Неколку продавници и автобуски станици беа оштетени во судирите.
Замокот Версај, кој се наоѓа во близина на главниот град, исто така беше затворен поради штрајкот.
На протестите во Марсеј, според гувернерот, се собраа околу 5.500 лица, а според Организацискиот комитет, 65.000.
Голем број демонстранти се собраа во градовите на Рен, Руан, Лион, Нант, Бордо и Стразбур.
Штрајкови и демонстрации на ниво на земјата, под мотото и слоганот „Обединете ја борбата“ се одржаа во организација на Генералната конфедерација на трудот на Франција (CGT), со поддршка на многу синдикати.
Во штрајковите и протестите учествуваа вработените во железницата, здравството, енергетиката, комуналните претпријатијата, воздухопливството, поштенските услуги, образованието, јавната администрација и студентите.
Вработените во железницата организираат постепен штрајк. Денес дојдoa до четвртата фаза, по што ќе се штрајкува по два дена неделно до крајот на месец јуни.
Од денес се приклучуваат и вработените вработените во РАТП (RATP), компанијата задолжена за трамвајскиот и метро сообраќајот во Париз и околината.
Штрајкувaaт и вработените во секторот за обезбедување услуги за дистрибуција на електрична енергија и гас.
Штрајкот би можел да трае до крајот на јуни, а прекинот во снабдувањето со електрична енергија ќе ги опфати и големите компании и синџирите на супермаркети.
Јавниот сектор се спротивставува на планираните промени во статусот на вработените и падот на куповната моќ. Досега штрајкуваа двапати, а Конфедерацијата на јавни службеници ги повика вработените да ги поддржат денешните штрајкови.
Незадоволни се и здравствените работници кои се жалат на нивото на приходи и можности во тој сектор. Тие укажуваат на преполни болниците, недостаток на персонал, а слично мислење делат и вработените во домовите за стари лица.
Просветните работници, посебно оние од предучилишните установи и детските градинки, се незадоволни од условите за работа и најавија прекин на работата во кантините и кујните.
На штрајковите и демонстрациите се приклучија и вработените во поштите, најавувајќи дека нема да вршат испорака на многу адреси низ градот.
Штрајкуваат и дел од вработените во француската радиотелевизија.
Вработените во националната авиокомпанија „Air France“ (Ер Франс) од февруари штрајкуваат постепено барајќи подобри работни услови и зголемување на платите од шест проценти.Дневните трошоци за штрајкот на „Air France“ чинат околу 20 милиони евра.
На генералните штрајкови и демонстрации организирани на 22 март се приклучија околу 500.000 луѓе.