Gülşen Topçu
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
РАМАЛА (AA) - Советникот за меѓународни односи на претседателот на Палестинската држава, Небил Шаас, изјави дека тунискиот претседател Ел Беџи Каид Ес Себси, му потврдил дека Франција наскоро ќе ја признае Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Небил Шаас кој говореше на Палестинската државна телевизија, рече дека при телефонскиот разговор, Себси потврдил дека Франција нема да ја промени својата одлука и наскоро ќе ја признае Палестинската држава.
Шаас истакна дека Себси, по барање на Палестинската држава оди во Франција за да ја убеди администрацијата. Признавањето на Палестинската држава ќе се случи за неколку недели или месеци.
Покрај тоа, Небил Шаас додаде дека признавањето на Палестина од власта во Луксембург е во тек и ќе следува по признавањето од големите земји како што се Франција и Велика Британија.
Патрис Леклерк, градоначалник на Женвилие, кој се наоѓа на север од главниот град Париз, на 19 јануари изјави дека ја признава Палестинската држава.
Според палестинското Министерство за надворешни работи, 135 земји официјално ја признаа Палестина како држава.