Sibel Uğurlu
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Во рамките на офанзивата „Штитот на Еуфрат“, во изминатите 24 часа во северниот дел на Сирија се убиени најмалку 18 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван извор од турската армија потврди дека во операциите се ранети 37 припадници на ДЕАШ.
Покрај тоа, изворот потврди дека 150 упоришта се погодени со хаубици, повеќецевни ракетни лансери, минофрлачи и тенкови.
Исто така, турските воздухопловни сили погодија четири позиции на ДЕАШ, вклучувајќи складишта за оружје, седиште на терористичката група и засолништа во градовите Ал Баб и Бзахах.
Офанзивата „Штитот на Еуфрат“ беше започната на 24 август, во северниот дел на Сирија, со цел неутрализирање на терористичките закани, со фокус на ДЕАШ, како и за зајакнување на безбедноста во сириско-турскиот пограничен појас.
Офанзивата ја спроведуваат сириските опозициски сили, а во согласност со меѓународното право на самоодбрана, нив ги поддржуваат и турските сили.