Cüneyt Karadağ
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
БЕРЛИН (AA) - Браденбуршката порта, еден од најголемите симболи на германската престолнина Берлин, синоќа беше бо боите на знамето на Турција, како знак на солидарност по последниот терористички напад во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Со одлуката на властите во Берлин, Бранденбуршката порта во понеделник беше обоена во боите на знамето на Република Турција.
Премиерот на покраината Берлин Михаел Милер упати сочуство по повод терористичкиот напад во Истанбул.
Во терористичкиот напад на ноќниот клуб на Ортакој, во Истанбул, изведен во новогодишната ноќ, загинаа 39, а ранети се повеќе од 60 луѓе.