Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español

Скопје: Одбележан Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства

- По тој повод граѓанските организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Македонија се приклучија кон основањето на транснационално движење State of solidarity.
Ivana Ramadanova
18 Декември 2015•Ажурирано: 19 Декември 2015
Скопје: Одбележан Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членовите на нивните семејства
Üsküp

СКОПЈЕ АА - Како држава која е дел од т.н. Западно-балканска рута низ која секојдневно минуваат илјадници гладни, уморни, обесправени и обезличени луѓе со различни потреби, заедно со останатите сојузници од над 10 држави од Европа и Турција, Македонија го одбележа Меѓународниот ден на работниците-мигранти и членови на нивните семејства, јавува Anadolu Agency (AA).

По тој повод граѓанските организации, левичарски движења, волонтери, хуманитарни организации и активисти од Македонија се приклучија кон основањето на транснационално движење "State of solidarity". Организаторите порачаа дека луѓето кои ги нарекуваме мигранти се луѓе кои бегаат од војни, експлоатирани гладни работници и млади што одбиваат да живеат во неправда, обезгласени и без надеж за поинакво секојдневие, со надеж за подобра иднина, мажи и жени во обид за спас на својот живот.

Според нив треба сите да престанеме да ги обезличуваме со етикети како што се „бегалци“ и „економски мигранти“, бидејќи како што рекоа, мирот, демократијата, социјална правда и достоинство се вредности кои припаѓаат на сето човештво и сите луѓе поддеднакво заслужуваат живот без страв од војни, глад и беда. На спобирот беа упатени пораки и препораки до Македонската Влада:

"Да се исполнат обврските кон Меѓународното бегалско право и секој бегалец поеднинечно да биде прифатен со целосна почит, да се иницираат поефикасни и похумани механизми за управување со кризата, итно да се ослободат десетте жртви и сведоци на кривични дела сторени против нив, да се објави нулта толеранција за полициското насилство и нехуман третман, да не се дискриминираат бегалците преку дополнително финансиско оптоварување со користење на високи цени од јавниот превоз, да се убрза подобрувањето на суловите на транзитниот центар во Гевгелија и Табановце и да се зајакне соработката со домашните и странски граѓански здруженија, невладините, хуманитарните и здравствените организации", изјави Јасмина Голубовска.

По повод Меѓународниот ден на мигрантите се организира и марш за поддршка на луѓето кои секојдневно ја минуваат т.н. Западно-балканска рута. Потоа, во вечерните часови и согласно долунаведената програма ќе има јавна дискусија и прикажување на краток документарец направен од страна на луѓето кои, минуваат низ Македонија или веќе пристигнале до посакуваната дестинација во некоја од европските држави.

Повикот за прогласување на општа состојба на солидарност, која ќе придонесе да се изгради и солидарен свет беше инициран во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права, Легис-Скопје,ЛД Солидарност, Фондација Отворено општество-Македонија, Профицио, Скопје, Цивил – центар за слобода, граѓанска платформа Aјде/Hajde, граѓанска платформа Граѓаните за Македонија, волонтери, активисти и други.

related_topics:
солидарностМигрантиБегалци
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една година од работењето на Музејот во Сребреница: Чуварот на вистината што го подигна сеќавање на повисоко ниво

Убавините на Кападокија ги воодушевуваат посетителите и во вечерните часови

Јапонските пратеници усвоија закон за справување со сè помалиот број членови на царското семејство

Азербејџан и турски „Бајкар“ разговараат за проширување на заедничкото производство на одбрана

84-годишен пензионер веќе 57 години ги претвора дрвото и металот во уметност

Воли Фанк, најстарата жена што отпатува во вселената, почина на 87-годишна возраст

Во уметноста на стаклото, со која почнала од инает кон татко ѝ, ги обликува своите соништа

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНХЦР:  Очекуваме голем број на бегалци

УНХЦР: Очекуваме голем број на бегалци

IOM: Сирија би можеле да ја напуштат уште милион лица

IOM: Сирија би можеле да ја напуштат уште милион лица

Бегалците се надеваат на рeзултатите од Самитот на Г20 во Анталија

Бегалците се надеваат на рeзултатите од Самитот на Г20 во Анталија

Нов бран мигранти во Прешево: За четири дена пристигнати меѓу осум и десет илјади луѓе

Нов бран мигранти во Прешево: За четири дена пристигнати меѓу осум и десет илјади луѓе

 До денес речиси 200.000 имигранти влегле во Словенија

До денес речиси 200.000 имигранти влегле во Словенија

Во Прешево нормално се одвива прифаќањето на бегалците

Во Прешево нормално се одвива прифаќањето на бегалците

ЕУ продолжува да им помага на Србија и Македонија: Потпишани договорите вредни 14 милиони евра за помош на бегалците

ЕУ продолжува да им помага на Србија и Македонија: Потпишани договорите вредни 14 милиони евра за помош на бегалците

Ограничен протек на границите: Србија и Македонија пуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и Иран

Ограничен протек на границите: Србија и Македонија пуштаат само мигранти од Сирија, Авганистан и Иран

"Ние не сме терористи, ние сме само луѓе кои бараат подобра иднина"

"Ние не сме терористи, ние сме само луѓе кои бараат подобра иднина"

Терористичките напади во Париз - бариера повеќе на тешкиот бегалски пат

Терористичките напади во Париз - бариера повеќе на тешкиот бегалски пат