Umar Farooq,Michael Hernandez
16 Март 2019•Ажурирај: 17 Март 2019
ВАШИНГТОН (AA) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека нападот врз две џамии во Нов Зеланд беше исламофобичен, терористички и расистички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Од ОН наведоа дека се сочувствуваат со граѓаните на Нов Зеланд кои се шокирани од терористичкиот напад.
Стефан Дујарич, портпарол на Обединетите нации, во соопштението истакна дека генералниот секретар на Обединетите нации исто така е „шокиран и запрепастен од терористичкиот напад"
„Генералниот секретар потсетува на светоста на џамиите и сите места за богослужба. Ги повикува сите луѓе на овој свет ден за муслиманите да покажат знаци на солидарност со ожалостената исламска заедница", рече Дујарич.
Додаде и дека е потребно да се зајакне заедничката соработка со цел спротивставување на исламофобијата.
„Генералниот секретар повторно ја нагласува големата потреба за соработка на глобално ниво во борбата против исламофобијата и елиминирањето на нетолеранцијата и насилниот екстремизам во сите негови облици", заклучи Дујарич.
Во терористичкиот напад во градот Крајстерчерч, врз две џамии во време на петочната молитва, убиени се најмалку 49 лица, а 42 се повредени.
Машко лице кое ја презеде одговорноста за нападот рече дека е 28-годишен Автралиец и дека имал антимигрантски мотиви за нападот.
Лекарите од болницата во Крајстчерч соопштија дека 12 лица се наоѓаат во критична состојба.
Локалното радио на Њу Зеланд соопшти дека меѓу загинатите се наоѓа и петгодишно девојче и нејзин татко, кои ги убил терористот во текот на нападот.