Yunus Kaymaz
16 Март 2019•Ажурирај: 18 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетскиот фудбалер кој игра во Ливерпул, Мухамед Салах, остро го осуди терористичкиот напад во двете џамии во Нов Зеланд, јавува Anadolu Agency (АА).
„Стравични вести од Нов Зеланд. Моите мисли се со семејствата на невините жртви кои животот го загубија во овој чин преполн со чисто зло“, напиша Салах на социјалните мрежи.
Терористичкиот напад во двете џамии во градот Крајстчерч го осудија голем број спортски клубови и спортисти.
Осудувања упатија и Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Ливерпул, Челзи, Тотенхем Хотспут и Лестер Сити, како и фудбалерите Месут Озил, Илкај Ѓундоган, Серхио Агуеро и многу други.
Во терористичкиот напад во градот Крајстчерч, во две џамии за време на петочната молитва убиени се најмалку 49 лица, а повеќе од 42 се повредени.
Машко лице кое ја презеде одговорноста за нападот изјави дека е 28-годишен Австралиец и дека имал антимигрантски мотиви за да го изврши.