Dzihat Aliju
16 Јули 2016•Ажурирај: 16 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Десетици граѓани кои се собраа пред Амбасадата на Република Турција во Скопје, ја искажаа својата реакција по обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Покрај силниот дожд, пред зградата на амбасадата на Турција се собраа десетици граѓани од турска етничка припадност и локалното население со турски знамиња во рацете, ги извикуваа слоганите „Стој исправено, Балканот е сео тебе“, „Реџеп Таип Ердоган“, „Тука е Скопје, каде се предавниците“.
Сејид Емин, кој беше меѓу организаторите на собирот, за АА изјави дека се собрале да искажат поддршка на Турција,беззаконието и антидемократија која се случува во Турција.
„На овој дожд тука сме да му дадеме поддршка на Реџеп Таип Ердоган, и да покажеме дека сме покрај турската држава и турскиот народ, во услови на дожд и кал. Тука сме да ја покажеме нашата поддршка во секакви околности, за единство и заедништво. Вечерва, во Скопје, Турците и Албанците, заедно ја дадоа својата поддршка на претседателот на Турција Ердоган и ја искажавме нашата национална волја извикувајќи слогани. Тука сме да покажеме дека нашите срца чукаат за Турција“ , изјави Емин.