Sarp Özer
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Дека САД ги поддржуваат терористичките организации ПКК/ПЈД се гледа од помошта со оружје што САД им ја даваат на терористите, а може да се види и од симболите што американските војници ги закачуваат на своите униформи. Изјавата на официјалните претставници на САД дека ЈПГ одигра значајна улога во борбата против ДЕАШ, не ја смени реалноста дека ЈПГ, која е вооружено крило на ПЈД, е формирана од терористи контролирани од ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќепати се виде дека САД ги поддржуваат терористичката организација ПЈД и нејзиното воено крило ЈПГ. Оваа ситуација повремено предизвикува проблеми меѓу НАТО сојузниците Турција и САД.
Отворената поддршка на владата на Обама кон ПЈД излезе на виделина во есента 2014 година, кога терористичката организација ДЕАШ го стави под опсада Ајн Ел Араб (Кобане), на границата со Турција. САД им помагаа на ЈПГ со оружје и со ова покажаа дека целта е да ја поддржат борбата против ДЕАШ и да го спречат паѓањето на Ајн Ел Араб. Се дозна дека во тој период САД ги поддржаа ЈПГ со тони оружје и муниција. Од друга страна пак, еден од пакетите со оружје и медицински материјали, кои биле фрлани од воздух, дошол во рацете на припадници на ДЕАШ. Ова беше потврдено од страна на властите на САД. Исто така, беше објавено дека во истиот период САД оствари директна средба со ПЈД, без посредници.
- Расправа околу симболите -
Помошта што САД им ја даваат на ПЈД/ЈПГ не беше ограничена само со чистењето на ДЕАШ од Ајн ел Араб. Во операцијата за враќање на Рака од ДЕАШ, некои од американските војници носеа униформи со симболи на ЈПГ. Во јавноста излегоа снимки што го покажуваат тоа.
- ПЈД/ ЈПГ во Мунбич -
Една од целите на турската операција „Штитот на Еуфрат“, која почна на 24 август, беше ПКК/ПЈД да се повлечат на исток од Еуфрат. На виделина излезе дека во Мунбич е присутна терористичката организација ПЈД. Оваа тема неколкупати беше поставена на маса на средбите меѓу турските и американските власти. Беше изјавено дека САД ветува оти сите елементи на ПЈД ќе бидат отстранети од регионот.
- Американски знамиња на зградите на терористите -
Со операцијата „Штитот на Еуфрат“, крилото на ПКК во Сирија, ЈПГ беше принудена да се повлече источно од Еуфрат.
За време на овој процес, терористичката организација ПКК/ПЈД во некои од зградите каде што престојуваа голем број нивни членови во Тел Абјад го истакнаа американското знаме. Локални извори од регионот тврдеа дека терористите го користат американското знаме како „штит“.
- Експертот за безбедност Агар -
Експертот за безбедност Абдула Агар во врска со оваа тема, во изјава за АА истакна дека ПКК/ПЈД во регионот работат во интерес на целите на САД и на западните држави.
Според Агар, терористичките организации се земаат како темелен елемент за дизајнирање на Блискиот Исток по замислен терк и додаде оти за оваа цел најмногу се користат ПКК/ПЈД.
Тој рече дека во однос на последните случувања, терористичката организација ДЕАШ започна да се користи како маска.
„Особено почна да станува јасно во северна Сирија и во одредени делови на Ирак, како и намерата да се формира терористичка државичка во Синџар. САД и западниот свет ги заштитија, ги финансираа и ги обучија овие организации“.
Според Агар, западниот свет значително ја помага терористичката организација ПКК со оружје и муниција.
„Моментално, во рацете на ПКК има тешка артилерија, тенкови, противавионски ракети, оклопни елементи и софистицирана муниција“, рече Агар и додаде оти некои од овие елементи се со потекло од САД.
Тој на крајот истакна дека влијанието на САД во регионот отсега ќе зависи од политиката што ќе ја следи новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.