Mehmet Yılmaz Güldaş
10 Јануари 2017•Ажурирај: 10 Јануари 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Пред влезот на управата на полицијата во Газиантеп се случи престрелка, по што на местото е упатено полициско засилување, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, се случила престрелка на влезот од управата на полициска станица.
Поради престрелката пред зградата на управата на полицијата, на местото се упатени специјални единици и полициско засилување. Во подрачјето е започната операција за фаќање на напаѓачите.