Izzet Taskiran
10 Јануари 2017•Ажурирај: 11 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Воздушниот сообраќај на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул е конечно нормализиран. Поради интензивните снежни врнежи што го зафатија градот на Босфорот беа откажани стотици летови во последните неколку дена, јавува Anadolu Agency (AA).
На аеродромот повторно функционираат меѓународните летови и летовите во Турција, кои поради врнежите и слабата видливост на аеродромот, до полноќ беа прекинати.
По потребната регистрација, патниците на терминалите ги чекаат своите летови, но поради откажаните летови во последните неколку дена, настана метеж пред канцелариите на „Туркишерлајнс“.
На патниците чии летови беа одложени, а кои се наоѓаа на аеродромот, „Туркишерлајнс“ им подели ќебиња, а пак еден дел од патниците беа сместени во хотел.
Работниците за одржување на пистите сè уште неуморно работат подготвувајќи го теренот за полетување и слетување на авионите. На пистата, како и во делот од патот каде што се таксистите и паркингот за авиони, употребени се неколку тони материјал за одмрзнување.
Од аеродромот соопштија дека се планирани 300 летови од аеродромот „Ататурк“ и 122 од аеродромот „Сабиха Ѓокчен“, кој исто така се наоѓа во Истанбул.