Mohamad Misto
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на преодната Влада при Националната коалиција на Револуционерните и oпозициски сили на Сирија (SMDK), Џавад Абу Хатаб, изјави дека опозициските групи продолжуваат да работат на формирањето на национална армија, и оти 80 проценти од опозициските воени групи го поддржуваат овој проект, јавува Anadolu Agency (AA).
Абу Хатаб во разговорот за АА се осврна на проектот за формирање на Национална армија, на активностите на преодната влада и на борбата против терористичките организации ПКК / ПЈД и ДЕАШ.
„Проектот национална армија е потреба. Поради тоа, ние како преодна влада одлучивме да стапиме во контакт со вооружените групи и да вложиме напори за да ги обединиме“, вели Абу Хатаб.
Тој истакна дека иницијативата за создавање националната армија е мошне значајна во контекст на конструктивната борба против режимот на Асад и неговите сојузници, но и за зајакнување на дисциплината.Абу Хатаб рече дека проектот на националната армија, освен што има за цел да го спаси сирискиот народ од режимот на Асад, исто така се бори против терористичките организации ДЕАШ и ПЈД, како и против други радикални групи.
Тој нагласи дека е потребно повеќе време за да формира армијата, дека не знае колку точно војници ќе брои таа, но нагласи дека сигурно ќе се работи за илјадници.
Говорејќи во врска со активностите на преодната влада во Сирија, Абу Хатаб рече: „Иако имаме многу ограничени капацитети, направивме многу во областа на образованието. Управуваме со околу 2.300 училишта. Во Идлиб, Aзас, Источна Гута и во Дера основавме универзитети. Веќе имаме и дипломирани студенти. Формиравме, исто така, и локална администрација и статистички заводи. Како што времето одминува, ние напредуваме, но потребна ни е меѓународна поддршка“.