Bayram Altuğ
29 Септември 2017•Ажурирај: 30 Септември 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) го продолжи мандатот на меѓународната независна комисија задолжена за откривање докази за прекршувањето на човековите права во Мјанмар, вклучувајќи убиства и силувања, јавува Anadolu Agency (AA).
На последниот ден од 36. заседание на Советот за човекови права на ОН, беше одлучено дека комисијата, која спроведува истрага за злосторствата на армијата и на безбедносните сили на Мјанмар во целата земја, особено во областа Аракан, да продолжи со истрагата до септември 2018 година.
Предлогот за продолжување на мандатот во име на Европската Унија го поднесе Естонија, а тој беше прифатен со заедничка одлука, без гласање.
Жалби против одлуката поднесоа Мјанмар, Кина и Филипините, а претставникот на Мјанмар во овој совет, Хау Кан Сум, изјави дека комисијата за истрага е непотребна.
Портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Дунија Аслам Кан, потврди дека по последниот бран насилства во Аракан, од 25 август наваму, повеќе од 500.000 Рохинџа муслимани преминале во Бангладеш.