Emre Gürkan Abay
24 Август 2018•Ажурирај: 24 Август 2018
МОСКВА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека добрите односи меѓу Турција и Русија имаат големо значење за стабилноста на регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојува во Москва на средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, на која разговараа околу сириската криза и билатералните односи.
Чавушоглу во изјава за медиумите истакна дека билатералните односи меѓу Турција и Русија секој ден се подобруваат уште повеќе.
„Добрите односи меѓу нашите земји имаат големо значање за стабилноста на регионот. Во наредните денови нашите лидери ќе воспостават контакти. Самитот во форма на Сочи, ќе го одржиме во Техеран“, рече Чавушоглу.
Од друга страна, Лавров нагласи дека односите меѓу Русија и Турција успешно се развиваат во повеќе области.
„Обрнуваме големо значење на нашата соработка со Турција во меѓународни прашања. Исклучително интензивно се развива и техничката воена соработка меѓу Турција и Русија“, додаде Лавров.