Emre Gürkan Abay
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, истакна дека односите меѓу Турција и Русија, се развиваат постојано, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин, на средба во Кремљ ги прими турскиот министер за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, и претседателот на Турската разузнавачка служба (МИТ), Хакан Фидан.
„Нашите односи со Турција се задлабочуваат и се збогатуваат со нови содржини, и се зголемува нашата соработка во регионалните и економските области“, рече Путин, осврнувајќи се на добро развиените односи со Турција. Путин со пофалби зборуваше за напорот кој го вложиле Русија и Турција за чувствителни прашања како што е Сирија.
„Исто така, и со придонесот на Иран, ОН, ЕУ и САД, сериозно се доближивме до решението за сириското прашање“, додаде тој.
Од друга страна, шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, својот говор го започна со пренесувањето на поздравот од претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, до Путин, и рече дека односите меѓу Русија и Турција предизвикувале некои да бидат љубоморни.
„Нашите колеги продолжуваат со подготовките за трилатералниот самит кој ќе се одржи во наредниот период. Покрај билатералните односи, сметаме дека е важно да работиме заедно, со цел да се зајакнува нашата соработка околу регионалните прашања. Ова е значајно и за регионалниот мир“, додаде тој.
На состанокот, Путин беше придружуван од рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, и специјалниот претставник на Русија за Сирија, Александар Лаврентиев.