Yıldız Nevin Gündoğmuş
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара оние кои не ја сфатија сериозноста на обидот за државен удар ги нарече „непоправливи делови” од терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган на денешниот состанок со членовите на Советот на турски извозници во претседателската палата во Анкара се осврна на актуелните случувања во оваа земја.
„Оние кои веруваат дека обидот за удар врз судството и полицијата од 17 до 25 декември е моја лична работа и кои сè уште не ja сфатиле реалноста околу обидот за државен удар на 15 јули, се непоправливи делови на организацијата. Нема да се смилуваме на оној кој нема милост кон својата земја и народот”, рече Ердоган.
Тој истакна дека терористите на ФЕТО зедоа оружје против турската војска и полиција кое е платено од данокот на народот, и го свртеа кон истиот тој народ.
„Со години се прашуваа дали е можно во земјава да постои ,невооружени терористичка организација'. Постои ли? Кон кого го сврте човекот оружјето кое го зеде од нашата војска, полиција и од државата, за кое ти и јас плаќаме данок? Кон народот. Овие никаквеци и бесчесници пукаа на нас со оружје, кое во моментов го нема ниту сепаратистичката организација ПКК ”, рече Ердоган.
Со оглед на тоа што зборуваше на состанокот со турските стопанственици кои извезуваат и надвор од Турција, ги повика на своите партнери во странство да им го пренесеат вистинското лице на обидот за државен удар во Турција, и да истакнат дека дека терористичката организација ФЕТО не претставува закана само за Турција, туку претставува опасност и за целиот свет.
„Можеби имате пријатели меѓу нив. Мислам дека и тоа треба да го разоткриете. Тоа мора да го пријавите на нашите обвинителства и полицијата. Зошто? Затоа што тоа е наша должност кон татковината. Тие нема да ја уништат нашата земја, туку ние ќе ги уништиме нив”, рече Ердоган.
Турскиот претседател истакна дека неговата земја е решена да им стави крај припадниците на терористичката организација ФЕТО.
„Ние сме решени да ги докрајчиме членовите на терористичката организација ФЕТО, како и припадниците на ПКК и ДАЕШ, без отстапување од демократските и принципите на правната држава”, рече Ердоган.
„Овој народ е голем народ, една нација која има моќ. Овој народ не е срамежлив, кукавички и народ кој бега. Оние кои избегаа се познати. Тие побегнаа, а ние сега ги фаќаме. Сакам да знаете, дека тоа не го правиме со некоја желба за одмазда, туку во рамките на правото и правдатa”.
Тој исто така рече дека турскиот народ им даде историска лекција на оние кои со раката на терористичката организација ФЕТО сакаа да ја заробат Турција.
„Нашиот народ им даде историска лекција на оние кои сакаа да ја заробат Турција и се обидоа во нашата држава повторно да се вратат болните слики од Сирија, Либија, Ирак и Авганистан”, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.