Sarp Özer
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Anadolu Agency (AA), Шенол Казанџи, денес во Анкара ги посети специјалните единици на вооружените сили на Република Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
По тој повод Казанџи се сретна со командантот на специјалните сили на турските вооружени сили, бригадниот генерал Зекаи Аксакали, и испрати порака со сочувство по повод смртта на потполковник Омер Халисдемир, кој за време на обидот за државен удар на 15 јули го усмрти пучистот - бригадниот генерал Семих Терзи, по што беше застрелан од страна на пучистите.
Казанџи за време на средбата со Аксакали рече дека за време на обидот за државен удар народот напиша една херојска приказна, и дека го спречи овој срамен обид.
Казанџи на Аксали му подари фотографија од Халисдемир, а командантот потоа на гостите им ја покажа и канцеларијата на потполковникот, телефонот со кој за последен пат разговарале, а потоа заедно го посетија и местото каде што загина.
Аксакали истакна дека не дозволил да се избрише крвта на Халисдемир од местото каде што загинал, и дека неговата крв ќе се заштити со стакло.
Во посетата на специјалните сили Казанџи беше придружуван од неговиот заменик и главен уредник на АА Метин Мутаноглу.