Ekipa
04 Мај 2019•Ажурирај: 05 Мај 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, остро го осуди нападот на Израел врз канцеларијата на Anadolu Agency во Газа, пренесува Anadolu Agencay (AA).
Ердоган преку Твитер на турски, англиски и арапски јазик реагираше против нападот на Израел врз канцеларијата на АА во Газа.
„Остро го осудуваме нападот на Израел врз канцеларијата на Anadolu Agency во Газа.Турција и Anadolu Agency ќе продолжат на светот да му раскажуваат за тероризмот и злосторствата на Израел во Газа и во другите подрачја на Палестина, и покрај таквите напади“, напиша Ердоган.