Mehmet Tosun
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изрази надеж дека Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) денес ќе ја изгласа резолуцијата за Кудс, со што на САД ќе им се одржи потребната лекција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нека биде тоа демократска борба, но не на начин со долари да ја купувате волјата на другите, туку пуштете секој слободно нека ја покаже својата волја и својот став“, порача Ердоган.
Претседателот Ердоган остро одговори на провокацијата и нападот на поранешниот османлиски гувернер во Медина Фахредин паша и Турците, која на Твитер ја објави министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) Шеик Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
„Ако не ја знаеме вистината за храброста на Фахредин паша и неговата одбрана на Медина, тогаш ќе ни дојдат такви лаици кои со смелост ќе кажат дека предците на Ердоган биле крадци. Тој лаик е разгален со пари кои ги има од нафтата. Бесрамнику, безобразнику, одговори ни каде беа твоите предци, додека моите ја бранеа Медина", порача Ердоган.