Ekipa
20 Април 2017•Ажурирај: 20 Април 2017
РИЈАД (АА) – Американскиот министер за одбрана, Џим Матис изјави: „Каде и да има проблем во регионот, кога ќе погледнете, ќе го видите Иран“, јавува Anadolu Agency (AA).
Матис за време на својата посета во Саудиска Арабија, во изјава за медиумите потврди дека за воспоставување на стабилноста во регионот потребно е да се спречи ширењето на влијанието на Иран.
Во врска со напорите за изнаоѓање решение за кризата во Јемен, Матис рече истакна: „Иран има улога во разнишувањето на стабилноста во регионот. Меѓутоа, за да се спречи влијанието на Иран, потребно е решение на спорот во Јемен преку преговори, кои ќе се одвиваат под контрола на Обединетите Нации“.
Матис нагласи дека иницијативите на Иран не се ограничени со Јемен и додаде: „Каде и да има проблем во регионот, кога ќе погледнете, ќе го видите Иран. Треба да ги спречиме напорите на Иран за дестабилизација на друга држава, како и напорите да оформи групи како Хезболах во Либан“.
Тој во Саудиска Арабија пристигна во вторникот, а вчера се сретна со кралот Селман бин Абдулазиз и вториот престолонаследник, министерот за одбрана, принцот Мухамед бин Селман.
Министерот за одбрана на САД во својата турнеја низ Средниот Исток и Африка, која ќе трае до 23. април, ќе ги посети Египет, Израел, Катар и Џибути.