Tuğçenur Yılmaz,Emre Gürkan Abay
24 Август 2018•Ажурирај: 25 Август 2018
МОСКВА/АНКАРА (AA) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, денеска во Москва по состанокот со рускиот колега, Сергеј Лавров, порача дека воено решение за сирискиот Идлиб би било катастрофа, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу подвлече дека се работи за подрачје во кое живеат повеќе од три милиони цивили. Турскиот министер укажа на важноста на разликувањето цивили од терористи во Идлиб.
„За нас сите терористички организации се исти. Со сите е потребна борба. Од друга страна, воено решение во тој случај би било катастрофа. Не само за подрачјето на Идлиб, туку и за иднината на Сирија“, изјави Чавушоглу по состанокот со Лавров во Москва.
Како што рече, радикалните групи ги вознемируваат цивилите и умерената опозиција на тоа подрачје. Чавушоглу додаде дека на сите им е важно да се неутрализират тие радикални групи.