Handan Kazancı
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
КОЊА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денес истакна дека сирискиот претседател Башар ал Асад и понатаму се бори да го сочува своето место на чело на државата и покрај тоа што во Сирија се убиени голем број луѓе, јавува Anaolu Agency (AA).
„Во Сирија, каде што се убиени милион муслимани, човекот кој е на чело на државата сé уште се бори да го зачува своето место, а некои пружаат поддршка за тој да ја сочува позицијата“, рече Ердоган во обраќањето на свеченоста во Коња по повод 745. годишнина од смртта Мевлана Џелалудин Руми, еден од најистакнатите претставници на суфизмот.
Тој потсети на значењето на големиот суфиски теолог, мислител и поет Руми.
Ердоган истакна дека Руми е „длабока река“ со која се храни заедничкиот ум, дух и совеста на целото човештво, напоменувајќи дека неговиот глас сѐ уште се слуша низ целиот свет.
„Гледаме дека милиони луѓе од различни јазици, религии и култури и понатаму се кријат во ладовината на Мевлана Џелалудин Руми“, рече Ердоган.
Роден во турско семејство во 1207 година, на територијата на денешен Авганистан, Руми е еден од најчитаните филозофи во светот, со учења што ги надминуваат границите на расата, бојата и религијата.
Во Турција, Руми е запаметен од неговите следбеници како Мевлана - што значи научник.
По неговата смрт во 1273 година, следбениците на Руми го основале редот Мевлевии, попознат и како редот на „Вртечки дервиши“, познати по обожувањето во вид на танц со вртење кој се нарекува сема.
Секоја година, од 7 до 17 декември во Коња, Турција, се одбележува годишнината од смртта на Руми.