Emin Avundukluoğlu
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека американското Федерално истражно биро (ФБИ) започнало операции против терористичката организација ФЕТО во 15 американски сојузни држави, а во Њу Џерси имало и уапсени лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи пред пратениците во Параментот, Чавушоглу рече декa ФБИ почнал да ја открива вистинската природа на терористичката организација ФЕТО.
„Започната е сериозна истрага за ФЕТО во 15 сојузни (американски) држави. Како што ни е кажано од ФБИ, вистинското лице на ФЕТО се открива и во Соединетите Американски Држави (САД). Во Њу Џерси и во некои други сојузни држави започнаа и апсења“, рече Чавушоглу.
Турскиот министер за надворешни работи нагласи и дека никогаш не изјавил ништо во смисла на можна соработка со режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
„Никогаш не реков ништо што би значело дека би можеле да соработуваме со лидерот на сирискиот режим Асад, ниту пак кажав нешто што би можело да го оправда тој режим“, рече Чавушоглу.