Nilay Kar
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турските обвинители денес издадоа налози за апсење на околу 111 лица, вклучувајќи и војници на должност низ земјата, поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара се издадени налози за апсење на 64 осомничени лица - 55 подофицери, вклучувајќи 35 војници на должност, во рамките на турската Команда на копнените сили и Генералната команда на жандармеријата.
Останатите девет осомничени се верува дека се т.н. цивилни имами на организацијата. Осомничените се обвинети за комуникација со терористичката организација преку говорници.
Од Канцеларијата на јавниот обвинител на Баликесир се издадени налози за апсење на 27 осомничени лица во 14 области, како и во Турската Република Северен Кипар, кои исто така комуницирале со терористичката организација преку телефонски говорници.
Во северната турска област Чанаккале се издадени налози за апсење на 20 припадници на ФЕТО, како дел од истрагата која се води за крипто структурата на терористичката организација во рамките на Турските вооружени сили.
Потрагата по осомничените е во тек.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а беа ранети речиси 2.200.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за рушење на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и правосудството.