Erdal Türkoğlu
17 Декември 2018•Ажурирај: 18 Декември 2018
ХАТАЈ (АА) - Во подрачјето на Алтинозу во турската област Хатај фатени се 38 непријавени мигранти кои се обиделе преку Сирија по илегален пат да влезат во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските гранични единици на периферијата на Алтинозу забележале група мигранти кои се обиделе по илегален пат да влезат во земјата.
Станува збор за државјани на Сирија кои се предадени на жандармериските екипи за понатамошно процесуирање.